(European Regional Organiziation of the FDI)

Од 26-27.04.2019 година на покана на бордот на ЕРО ФДИ (European Regional Organiziation of the FDI) , делегацијата на Стоматолошка комора на Македонија представена од председателот на Комората  Д-р Маријан Денковски и председателот на Собранието на Комората Д-р Оливер Манасиев присуствуваше на пролетната ЕРО ФДИ пленарна сесија во Франкфурт , Германија.

На сесијата како точка на дневен ред беше и приемот на македонската комора во редот на регуларни членки на ЕРО ФДИ , што по приемот на Комората во ФДИ 2016 година е уште еден чекор напред во меѓународната  афирмација на Комората. По гласањето  за членство  една од првите честитки  пристигна  од досегашната председателка на ЕРО ФДИ , Др.Ана Лела (Anna Lella)  , како и  од новиот председател  Др Михаел  Франк ( Michael Frank).

За време на престојот во Франкфурт делегацијата на СКМ учествуваше во работата на пленарната сесија каде што имаше можност да се запознае и да ги види искуствата на европските комори/асоцијации со сите проблеми со кои се сретнуваат и нашите стоматолози  , и тоа проблемите со хиперпродукцијата  но и холандскиот проблем со хипопродукцијта, комуникацијата на коморите со факултетите,комуникацијата  со фондовите за здравствено јавно и приватно осигурување, начините и моделите на задолжителната континуирана едукација итн.

https://www.erodental.org/organs-and-bodies/plenary-session/frankfurt-2018/reports

Исто така представниците на Комората  остварија и средби како со членовите на новиот борд на ЕРО ФДИ .

https://www.erodental.org/about-us/news/new-news-4/

но и со представници на повеќето комори /асоцијации членки на ЕРО ФДИ со кои се договори понатамошна соработка.