Почитувани,

Во комуникација со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, ја добивме информацијата дека над 500 ординации, кои треба да склучат анекси за продолжување на договорите, ја немаат воопшто започнато таа постапка.

Во продолжение на текстот, Ви ја пренесуваме конкретната информација која пристигна од Фондот, а во прилог го доставуваме и конкретното ивестување по однос на таа информација.

Со почит,

Правен сектор – СКМ

 

ФЗОРСМ:

Почитувани,

Постапката за изготвување на анекс  за продолжување на договорите за дејноста општа стоматологија и специјалистичко консултативна стоматолошка  здравствена заштита, треба да заврши со 28.06.2019 година (петок). Од 01.07.2019 година со Фондот ќе можат да работат само ЗУ кои имаат потпишано Анекс за продолжување на договорот, бидејќи само тие лекари  ќе имаат активен факсимил.

Од електронската евиденција на Фондот се констатира дека:

–    287 – здравствени установи се уште  немаат поднесено барање запродолжување на договорот и

–    273 – здравствен установи  ја започнале постапката на поднесување на барање, но истите не ги превзеле сите  потребни чекори за

доставување на барањето преку порталот на Фондот, поради што барањето не е пристигнато во Фондот.

 

Со цел на 01.07.2019 година здравствените установи да имаат активен договор со Фондот, Ве молиме да и  на Вашата веб страна да гo поставите известувањето, истите навремено да ги преземат сите потребни  активности и преку порталот на Фондот да поднесат барање за продолжување на договорот.

Воедно напоменуваме дека здравствените установи кои започнатата постапка за поднесување на барање преку порталот  не ја завршиле до крај,  може да се јават во Фондот за да им помогнеме  правилно да ги изодат сите  чекори на порталот за  успешно поднесување на барање за продолжување на договорот.  Контакт лица од Сектор Информатика се :

Нури Османи – 02 3289066  со е-маил  nurio@fzo.org.mk и  Бедри Зекири – 02 3289080 со е маил bedriz@fzo.org.mk.

Во прилог  доставуваме насоки за доставување на барање продолжување на договорот преку порталот на Фондот.

ИНФО ОД ФЗОРСМ (симни документ)