Над 25% зголемување на договори со ФЗО за специјалисти
НОВИ 52 ЛИЦЕНЦИ ЗА ВО МРЕЖА ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИ
По повеќегодишни постојани и непрекинати напори, преговори и разговори на Стоматолошка комора на Македонија со надлежните институции за „проширување„ на мрежа на специјалистички консултативна стоматологија конечно може да кажеме дека се дојде до почеток на решавање на проблемот со блокирање на доделување на лиценци за вршење на здравствена дејност орална хирургија , стоматолошка протетика и ортодонција.
По интензивните разговори во Министерство за здравство, пред се со министерот за здравство Венко Филипче и со менаџментот на ФЗОРСМ во Службен весник бр.16, од 22.01.2020 е објавен Јавен  повик за доделувањена лиценци во секундарна здравствена заштита , и тоа 19 од орална хирургија , 20 од ортодонција, 13 од стоматолошка протетика распоредени  на територија на сите региони во републиката.
Со објавување на јавниот повик за нови 52 лиценци можеме да бидеме задоволни во моментот, но  и да продолжиме во најскоро време таа бројка да се зголеми , како што сме решителни исто така  и во намерата како на постојните така и на идните  специјалисти во мрежа да и  им се подобрат условите по однос на правилниците за плаќање од страна на ФЗО за кои сметаме дека се погрешни, дестимулирачки и им се потребни сериозни измени.