НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ПАНИКА , ВРЕМЕ Е ЗА ПОЧИТУВАЊЕ
НА ПРЕПОРАКИ И ПРОТОКОЛИ
ОД УТРЕ, ПОНЕДЕЛНИК , 16.03.2020 СТАПУВАА НА СИЛА ИЗМЕНИТЕ ДОГОВОРЕНИ СО ФОНДОТ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВАА СИТЕ КОИ СЕ ВО МРЕЖА НА СТОМАТОЛОШКИ ЗДРВАСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО МРЕЖА , НО ИСТИТЕ ПРЕПОРАКИ, ПОЧИТУВАЈЌИ ГИ НАЈМАЛКУ ПОСОЧЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ ОБЈАВЕНИ ОД СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОТРЕБНО Е ДА ГИ ПОЧИТУВААТ СИТЕ СТОМАТОЛОШКИ УСТАНОВИ
ПРОТОКОЛИ
ЗА РАБОТА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
„во секој момент однесувај се како сите пациенти да се инфективни и многу побитно
како да си ти инфективен, а се уште не знаеш“-твитер пост
ДОКОЛКУ НЕ СТЕ СПРЕМНИ СЕКОЈДНЕВНО ДА ГО ЗАПОЧНУВАТА РАБОТНИОТ ДЕН СО НАЈМАЛКУ ОВИЕ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ, НАЈДОБАР СОВЕТ Е ДА НЕ ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОНАТАМУ, НО И ДА НЕ ГИ ОТВАРАТЕ ОРДИНАЦИИТЕ И ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО РАБОТА.
ОСНОВНИ ПРОТОКОЛИ
(може да ги надополнувате доколку сметате дека нешто е пропуштено)
Да се подсетиме од вчера:
-Сите членови на тимот, мора да ги спроведуваат сите хигиенско-превентивни мерки како би се заштитиле пред се себе си, а и своите пациенти, односно треба да се примени т.н. оптимално разумен пристап, кој е практичен до таа точка кога ризикот од инфекција е сведен на занемарлив минимум.
-Лична хигиена на сите вработените во стоматолошките ординации
-Хигиена на стоматолошките ординации
-Постојат различни дезинфициенси кои во нормални услови во нормална ординација сосема задоволително ни помагаа во одржување на хигиенато, но во моменталната состојба не е потребно само одржување на хигиена и да е чисто.
-Дневниот распоред на пациенти треба да е со што е можно повеќе време помеѓу нив.
-Само ИТНИ СЛУЧАИ со предходно телефонско закажување (и тоа не само поради превенција за ширење на заразата туку и за да не ги потрошите Вашите залихи на дезинфециеси кои се потешко се наоѓаат).
-Покрај упатството, на влезот во ординацијата треба да постои дезифекциско средство за пациентите, за брза дезифекција на база на алкохол над 60%, дезинфекциски марамчиња или слично и услови пациентот ред употреба на дезинфициенсот да измие раце со вода сапун.
-Сигнификантни знаци за можно заразен пациент се благо покачена температура ,суво грло, сува кашлица и било кој друг симптом на респираторна инфекција и по мислење на тајванските експерти неможност за држење здив од 10-на секунди без кашлање и непријатности.
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕШКИ И КОЛЕГИ,
ДОКОЛКУ НЕ СТЕ СПРЕМНИ СЕКОЈДНЕВНО ДА ГО ЗАПОЧНУВАТА РАБОТНИОТ ДЕН СО НАЈМАЛКУ ОВИЕ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ, НАЈДОБАР СОВЕТ Е ДА НЕ ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОНАТАМУ, НО И ДА НЕ ГИ ОТВАРАТЕ ОРДИНАЦИИТЕ И ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО РАБОТА.
V
ПРЕОПОРАЧАН ТЕКСТ ЗА ПРЕД ВАШИТЕ ОРДИНАЦИИ
Испечатете и поставете пред влезови на ординациите
ПОЧИТУВАНИ ПАЦИЕНТИ на СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА
ПЗУ ДР,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,
СО ОДЛУКА НА ФОНД ЗА ЗДРАВСТВО И ПРЕПОРАКА НА МЗ
СЕ ПРИМААТ САМО ИТНИ СЛУЧАИ И САМО СО ТЕЛЕФОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ
Во ординација смее да е присутен само еден пациент без придружба
( освен деца до 12 години со родител)
ТЕЛЕФОН ЗА ЈАВУВАЊЕ И ЗАКАЖУВАЊЕ
Ооо/000000000 раб.време 000000000000000000000000000000000.
VI
Да се потсетиме дека стоматолошките здравствени работници задолжително треба да ги мијат рацете пред преглед на пациентот, пред стоматолошките процедури, по допирање на пациентот, по допирање на околината и опремата без дезинфекција и после допирање на усната слузница, оштетена кожа или рана, крв, телесна течност, секрет итн. и потребна е поголема претпазливост стоматолошките професионалци да избегнуваат допирање на сопствените очи, уста и нос.
Од како пациентот и поминал сите процедури и има индикација за работа во услови на пандемија и препорачани мерки од МЗ и ФЗО пациентот се сместува на стоматолошкиот стол.
По сместување и поставување на компреса за еднократна употреба на пациентот задолжително му се дава да убаво и темелно испере уста со 1% водород пероксид или 0,2% повидон
VII
Прединтервентно испирање
Генерално се верува дека прединтервентна испирање /плакнење на уста како што е наведено од Упатството за дијагностицирање и третман на коронавирус пневмонија објавено од Националната здравствена комисија на Народна Република Кина, со хлорхексидинот, кој вообичаено и најчесто се користи како средство за плакнење во стоматолошките ординации, можеби не е ефикасен да го убие корона вирусот, кој бидејќи е ранлив на оксидација, се препорачува плакнење/испирање со средства кои содржат оксидативни агенси како што е на пр. 1% водород пероксид или 0,2% повидон. Прединтервентно испирање /плакнење на уста е најкорисно е во случаи кога не се користи кофердам.
VIII
Кофердам и негово влијание
Во услови кога стоматологот е обучен и има услови да користи кофердам препорака е истите да се користат зошто студиите потврдуваат дека на тој начин може значително да се минимизира аеросолното распрснување на плунка и крв , особено во случаи кога се користат турбини, ултразвучни скалери и др.насадни инструменти.
Потврдено е дека при употреба на кофердам значително се намалува количество на честичките во воздухот и до 70% во дијаметар од 3 метри од оперативното поле .
IX
Стоматолошки турбини и нивно влијание
Стоматолошките турбини без анти повратен вентил( тhe high-speed dental handpiece without anti-retraction valves) може да аспирира и да ги врати остатоци и течности со кои се сретнува за време на стоматолошките процедури. Уште поважно, микробите, вклучително и бактериите и вирусот, можат дополнително да го загадат воздухот и цевките и цревата со вода во рамките на стоматолошката единица, и со тоа можат потенцијално да предизвикаат вкрстена инфекција. Студиите правени во Кина покажале дека стоматолошките турбини со анти ретракциски вентил значително влијаат и го намалуваат присуството на бактериите и вирусите споредбено со стоматолошки турбини без анти ретракциони вентили, што доведе и до забрана за користење на турбини без анти ретракциони вентили за време на епидемијата со COVID-19 и до силна препорака за користење на турбини не само со анти ретракциони вентили туку и со дополнителни специјално дизајнирани анти рефлуксни дизајнирани турбини.
X
Управување со Медицинскиот отпад
Управување со Медицинскиот отпад (вклучително и заштитна опрема за еднократна употреба по употреба) треба да се чува , складира и транспортира по сите протоклои за истиот навремено.
Инструментите и предметите за еднократно користење треба да бидат преработени, исчистени, стерилизирани и правилно да се чуваат во согласност со Протоколи за дезинфекција и стерилизација на стоматолошки инструменти.
Медицинскиот и домашниот отпад создаден со третман на пациенти со сомнителна или потврдена инфекција на COVID-19 се сметаат за заразен медицински отпад за кого важат посебни протоколи пропипани од надлежните институции во РСМ
ОД УТРЕ ,ПОНЕДЕЛНИК , 16.03.2020 СТАПУВАА НА СИЛА ИЗМЕНИТЕ ДОГОВОРЕНИ СО ФОНДОТ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВАА СИТЕ КОИ СЕ ВО МРЕЖА НА СТОМАТОЛОШКИ ЗДРВАСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО МРЕЖА , НО ИСТИТЕ ПРЕПОРАКИ ПОТРЕБНО Е ПОЧИТУВАЈЌИ ГИ НАЈМАЛКУ ПОСОЧЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ ОБЈАВЕНИ ОД СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ СИТЕ СТОМАТОЛОШКИ УСТАНОВИ
ДОКОЛКУ НЕ СТЕ СПРЕМНИ СЕКОЈДНЕВНО ДА ГО ЗАПОЧНУВАТА РАБОТНИОТ ДЕН СО НАЈМАЛКУ ОВИЕ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ, НАЈДОБАР СОВЕТ Е ДА НЕ ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОНАТАМУ, НО И ДА НЕ ГИ ОТВАРАТЕ ОРДИНАЦИИТЕ И ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО РАБОТА.
Со почит,
Стоматолошка комора на Македонија
e-mail: skm@skm.mk