ПОЧИТУВАНИ,
ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ЗА РАСПОРЕДОТ ЗА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ , ИАКО РЕАЛНО Е ДА ОЧЕКУВАМЕ ДЕКА ВО ПОЧЕТОКОТ НА МЕСЕЦ МАЈ СОСТОЈБАТА СО КОВИД 19 НЕМА ДА ТРГНЕ ВО НЕПОСАКУВАНА НАСОКА И ДЕКА ЌЕ МОЖЕ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ДА ДОСТАВИМЕ БАРАЊЕ ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА ВРАЌАЊЕ НА СТОМАТОЛОШКИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ ВО НОРМАЛЕН РЕЖИМ НА РАБОТЕЊЕ.
НО, СИТЕ НИЕ ОД КРИЗНА ГРУПА, А ВЕРУВАМЕ И СИТЕ ВИЕ СМЕ ПОТПОЛНО СВЕСНИ ДЕКА:
– НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА МОЖЕ ДА РАБОТИМЕ КАКО ШТО ВОГЛАВНО РАБОТЕВМЕ ПРЕД ЕПИДЕМИЈАТА СО КОВИД 19
– НЕ ТРЕБА ДА ЈА ЧЕКАМЕ ОБЈАВАТА ЗА ДЕНОТ КОГА НАШИТЕ ОРДИНАЦИИ ТРЕБА ДА ГИ ОТВОРИМЕ И НЕ ТРЕБА ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ДАЛИ ТРЕБА, ШТО ТРЕБА И КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИМЕ СО СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ЛИЧНА И КОЛЕКТИВНА ЗАШТИТА ТУКУ РЕСТАРТИРАЊЕТО ТРЕБА ДА ГО ЧЕКАМЕ СПРЕМНИ И ДА ЈА ПРАКТИКУВАМЕ СТОМАТОЛОГИЈАТА СО НАЈМАЛ МОЖЕН РИЗИК ПО НАШЕТО, НО И ПО ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ И ЦЕЛОКУПНОТО НАСЕЛЕНИЕ
– НЕ ТРЕБА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА ГИ ЗАБОРАВИМЕ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА РАБОТА ВО УСЛОВИ НА КОВИД 19 ЗОШТО СИГУРНО СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ВИРУСОТ НЕМА ВОЛШЕБНО ДА ГО СНЕМА И ДЕКА УШТЕ ДОЛГО ЌЕ Е ПРИСУТЕН И ЌЕ ПРЕТСТАВУВА ОПАСНОСТ ПРЕД СЕ ВО НАШАТА, СТОМАТОЛОШКАТА ДЕЈНОСТ