Почитувани,
На денешниот состанок на Комисија за заразни болести (11.05.2020 година) на кој присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Стоматолошка комора на Македонија Маријан Денковски, Комисијата одлучи сите стоматолошки ординации во Република Северна Македонија од 13.05.2020 (среда) година да отпочнат со работа.
За сите останати технички детали поврзани со препорачани протоколи за работа, поставените рестрикции при работа во наредниот  период, постапките и процедурите при потреба за итни стоматолошки интервенции на пациенти кои се со позитиван тест на КОВИД 19 (независно дали се на домашно или болничко лекување) и на лица во (само) изолација, скринингот на матичните пациентите, работењето на итните стоматолошки служби и друго ќе Ве известиме во најкраток можен рок, најдоцна до утре до 12.00 часот.
Со почит,
Кризна група на Стоматолошка комора на Македонија