Почитувани, како Кризна група Ве информираме за денешните случувања поврзани со Вашето работење, и тоа :
1. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваа директорот на УСКЦ „Свети Пантелејмон„ Амела Цана и претседателот на Стоматолошка комора на Македонија, Маријан Денковски се дискутираше за прием и давање на итни, неопходни стоматолошки услуги на пациенти кои се болни, позитивни на КОВИД 19 (независно дали се на домашно или болничко лекување)
По дискусијата Комисијата донесе заклучок дека УСКЦ „Свети Пантелејмон„-Скопје е најсоодветна институција по однос на кадар, простор и опрема за прием и давање на итните стоматолошки интервенции за наведените пациенти и дека матичните стоматолози согласно протоколи и шема на менаџмент на пациенти, од почеток на наредната недела нивните пациентите кои се на лекување од КОВИД 19 , а имаат потреба од итна интервенција треба да ги упатуваат на УКСЦ.
Поради тоа Ви ги праќаме корегираните:
–протоколи за работа на стоматолошки ординации
–шема на менаџмент на пациенти
-нивоа на рестрикции на стоматолошки интервенции
2.Истотака, во прилог Ви го доставуваме и известувањето кој Комората и Фондот за здравство го примија од Министерство за здравство во кое е наведено дека задолженијата 1728-17/1 и 1728/17/2 престануваат да важат и дека сите јавни и приватни стоматолошки здравствени установи во мрежа од 13.05.2020 се ставаат во режим на рестриктивно работење при што се должни да се придржуваат на протоколите и упатствата за работа на стоматолошки ординации во услови на сеуште постоечка закана од инфекција со КОВИД 19.
3.Кризната група на Комората Ви подготви и еден документ кој може да Ви користи и како епидемиолошки прашалник и како образец за согласност на пациенти за работа во Вашата ординација.
Документот во прилог е во word формат и доколку сметате дека треба да го дополните можете да интервенирате во него.
4.Кризната група на Комората Ве известува и дека со министерство за здравство и министерот за здравство Венко Филипче е договорено дека матичните стоматолози нема да започнат со најавениот скрининг на населението,но и дека како високо образовани здравствени работници, доктори, ќе останат на располагање на здравствените власти доколку има потреба од нивно вклучување во процесите кои ќе се спроведуваат со цел на справување со корона вирусот.
Воедно на сите колеги Кризната група Ви посакува успешно и безбедно враќање во Вашите ординации со напомена дека со почитување на протоколите си помагате себеси, на своите семејства, но и на Вашите пациенти.
Со почит,
Кризна група на Стоматолошка комора на Македонија