Почитувани колеги,
Ве информираме дека Стоматолошката комора на Македонија, во соработка со Министерството за здравство и Институт за јавно здравје, ја превзема обврската за информирање на своите членови, во врска со претстојната вакцинација против COVID-19 која треба да започне на почетокот од 2021 година.
Стоматолошката комора на Македонија како и досега е во постојана комуникација со институциите, па поради фактот што нашите членови, вработени во ПЗСУ (во и надвор од мрежа) немаат начин како што беа во можност нашите колеги од општа медицина преку „Мој термин“, на пример или сл., да одговарат на Прашалникот на МЗ, во однос на престојата вакцинација, Комората ја презема обврската Прашалникот да го дистрибуира до своите членови, преку членовите на Собранието, членовите на Регионалните одбори, веб страната на Комората и преку Facebook профилот на Комората.
Во исто време, со објавување на Прашалникот на страната и на профилот на Комората, истиот ќе го доставиме и до сите ПЗСУ кои се вон мрежата кои ги имаме евидентирано преку нивните е-меил адреси.
Ефикасната распределба на вакцината ќе одигра клучна улога во намалување на штетните ефекти врз здравјето на популацијата и општеството.
За таа цел потребно е секое лице вработено во здравствените установи, најдоцна до 05.01.2021 година (Вторник) да одговори на on-line Прашалникот, што нема да Ви одземе повеќе од една-две минути, а по пополнување и притискање на ознаката Submit, податоците се праќаат до МЗ.
Ве молиме за што поуспешна и помасовна дистрибуција на Прашалникот, линкот да го доставите до сите Ваши колеги, во Вашите Регионални одбори кои работат во ПЗСУ, како и до сите колеги кои поради различни причини нема да го добијат линкот (воедно Ве молиме да ги известите Вашите колеги следниве денови да ја проверуваат пристигнатата пошта и во Spam или Junk).
Со почит, Кризна група на СКМ