Почитувани,

Ве известуваме дека рокот за пријавување за вакцинација против Covid-19, во првата фаза, е завршен на 16.02.2021, во 12:00 часот.

Добиените податоци се обработени и испратени до „Мој Термин“ за понатамошно процесуирање. За сите понатамошни чекори во врска со вакцинацијата против Covid-19 ќе бидете навремено известени.

Ито така, ве известуваме дека податоци за вакцинација против Covid-19 може и понатаму да се испраќаат на e-mail адресата vakcinaskm@gmail.com, но истите, заедно со податоците кои пристигнале по 16.02.2021 – 12:00 часот, ќе бидат испратени до „Мој Термин“ и ќе бидат обработени во понатамошните фази на вакцинација против Covid-19.

Стоматолошката комора на Македонија ви се заблагодарува за покажаниот интерес за вакцинација.

 

Со почит

Стоматолошка комора на Македонија