Почитувани,
Ве известуваме дека по испраќањето на списоците за вакцинација на стоматолошките тимови во Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден – 21.04.2021, во 22:56 часот пристигна e-mail порака од Жаклина Чагоровска, советник при Управа за електронско здравство, во кое не информира да ве известиме дека сите заинтересирани за вакцинација против Covid-19 треба да се пријават преку на веб страната https://vakcinacija.mk/.
Ова известување се однесува на:
- Доктори на стоматологија и стоматолошки асистенти кои се пријавиле за вакцинација преку СКМ и чии имиња беа објавени на www.skm.mk на 16.04.2021,
- Доктори на стоматологија и стоматолошки асистенти коишто до сега не се пријавиле преку СКМ, но се заинтересирани за вакцинација во иднина
Доколку има било какви промени во ставот по однос на вакцинацијата против Cоvid-19, ќе бидете навремено известени.
Со почит,
Стоматолошка комора на Македонија