Почитувани,

Во врска со известувањето за вакцинирање на здравствени работници и соработници од 5ти Мај 2021 година, се спроведуваше во големите пунктови во повеќе градови, со доставување на потврда од установата од која доаѓаат, Ве известуваме дека истото престанува да важи.

Сите заинтересирани здравствени работници и соработници, како дел од стоматолошките тимови, за вакцинација треба задолжително да се пријават на страницата vakcinacija.mk и да добијат термин. Ова соопштение е доставено до Комората од страна на Министерство за здравство преку службена маил адреса vakcinacija@zdravstvo.gov.mk

Со почит,

Кризна група на Стоматолошка комора на Македонија