Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК бр.1 за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија погодени од Ковид-19 од ФОНД ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ПОДДРШКА НА ЛИКВИДНОСТА – ,,КОВИД 4”
Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање за директна поддршка на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци, занаетчии кои плаќаат данок на реален приход, ПЗУ и се регистрирани во Република Северна Македонија, од Фонд за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – ,,Ковид 4”.
Фондот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – ,,Ковид 4” од кој ќе се реализира оваа кредитна линија е формиран со средства од буџетот на Република Северна Македонија во износ од 615.000.000 денари.
Опфатени се и Приватните Здравствени Устаови кои имаат пад на приходите во 2020 година за време на пандемијата. Условите и начинот на аплицирање на следниов линк: ОТВОРИ ОВДЕ