Бидете навремено информирани! Погледнете го Вашиот профил во регистар на Комората!
По одлуката на Извршниот одбор на СКМ за изработување на мобилна апликација, која воедно е и електронска членска карта со единствен QR код на секој член на комората, како најповолна понуда за изготвување на софтвер за апликацијата се прифати понудата на Некстсенс.
Денес, веќе може да Ве информираме, со големо задоволство, дека истата е готова, спремна за Вас, за директен контакт со Вас, за да може да се информирате за се што Ве интересира и да може да Ве известуваме за сите актуелни информации.
Преку апликацијата ќе може да си ги проверувате Вашите податоци во Вашиот личен профил во Регистар на Комората, платената членарина, состојбата со бодови за КСУ и ќе можете директно преку мобилниот телефон да ги ажурирате Вашите податоци (адреса, место на вработување, мобилен и фиксен тел. број и меил адреса).