Во изминатиот период, во неколку наврати, поради приметен зголемен сообраќај на податоци на веб страната на СКМ, се вршеше анализа од стручни лица, за да се заклучи од која причина се случуваат овие зголемени податочни размени, состојба која исклучително ја отежнуваше работата на соодветните служби но и пристапот до апликативниот дел за најава на профилите на корисниците на услугата, односно стоматолозите.
Од безбедносни причини, пристапот до апликацијата беше неколку пати прекинуван, за да не се случи загрозување на податоците на корисниците.
Стручната служба која беше задолжена за аналитика, дојде до заклучок дека на ниво на веб страна, надвор од внатрешниот софтверски систем на комората, е дојдено до интернет напад (Cyber Attack) со таканаречен Fishing, кој служи за искористување на платформите на веб страните и маил комуникацијата, за да продуцира бројни реклами и испраќа маилови со комерцијална содржина.
Е-маил комуникацијата на СКМ беше успешно заштитена, со префрлање на друга платформа-хостинг, и примена од нивна страна на сите заштитни мерки, заради што не се успеа да се инволвираат во таков тип на електронска злоупотреба, и освен неколку часовен прекин на маил услугата, никакво друго загрозување на се случи.
Од друга страна, програмскиот дел на веб страната беше видно оштетен, структурата беше пореметена, и пристапот до администраторскиот дел на страната отежнат, заради што, на сугестија на стручните лица, страната беше затворена за употреба, односно, таа беше можно само да се види при повикување на адресата skm.mk, но до неа не можеше да се пристапи…
Запазени беа сите заштитни мерки, обезбедена сигурноста на податоците, апликацијата за мобилни уреди беше благовремено исклучена од пристап, така да до базата не беше возмошно да се пристапува.
Се работи на префрлање на целокупната содржина на веб страната, изработка на нова програмска платформ со превземање на сите содржини, додавање на нова и посигурна апликација со најава, како и изработка на нов сигурносен систем од страна на хостингот, како поддршка на сето ова.
Со навремена реакција, и постојан мониторинг на сообраќајот на веб страната и емаил коресподенцијата, успешно и навремено се реагираше да се спречат било какви поголеми штети, а особено да се заштитат ВО ЦЕЛОСТ личните и стручни податоци на членовите на СКМ и стручната служба.