Почитувани,
Ве известуваме дека, започнувајќи од настанот во организација на МСД – Здружение на специјалисти по протетика, кој ќе се одржи на 25.02.2023 година, евиденцијата на бодовите од континуирано стручно усвршување, ќе се одвива исклучиво со исчитување на QR-кодот од мобилната апликација на Стоматолошката комора на Mакедонија. Бодови за учество односно баркод, Ќе биде одобрен само за учесниците кои се евидентирале на настанот преку исчитување на QR-кодот од апликацијата.
Заради поедноставно и побрзо евидентирање на учесниците, Ве молиме пред регистрацијата на настаните, да ја инсталирате и да се најавите на мобилната апликација.
Мобилната апликација SKM MKD може да ја превземете од Play Store, App Galery Huawei и App Store Apple.
Упатството за најавување и користење на мобилната апликација, може да го погледнете на следниот линк:
УПАТСТВО ЗА НАЈАВА И КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА НА СКМ