Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 22.02.2023 година, До Стоматолошката комора на Македонија, е стигнато известување од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, по однос на фактурите за капитација за месец јануари, како и апликацијата за електронски избор на матичен лекар.

Известувањето Ви го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Ве известуваме дека се исправени грешките за капитација за јануари. Матичните лекари кои имаа пресметка по стара вредност на бодот од денес 22.02.2023 година ќе можат да направат репресметка  со зголемен капитационен бод (по ново) и истата да можат да ја потпишат. Исто така Ве известуваме и дека од денес 22.02.2023 година функционира апликацијата за електронски избор на матичен лекар и прикрепувањето на нови пациенти може да се врши во модул.