Почитувани,
Ве потсетуваме дека учеството на настаните согласно, годишниот план за КСУ, се потврдува ИСКЛУЧИВО СО ИСЧИТУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕНИОТ QR КОД ОД МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА на Стоматолошката комора на Македонија.
Понатаму, Ве известуваме дека РЕГИСТРАЦИЈАТА на учесници преку исчитување на единствениот QR-КОД ЌЕ БИДЕ ОВОЗМОЖЕНА ВО ПРВИТЕ ДВА ЧАСА од започнувањето на настаните, согласно програмата објавена од организаторот.
Докторите на стоматологија кои НЕМА ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ ВО ОВОЈ ПЕРИОД ИЛИ СЕ ПРИСУТНИ НА НАСТАНОТ, А НЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ СО ИСЧИТУВАЊЕ НА QR-КОДОТ ОД МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА, НЕМА ДА ДОБИЈАТ БОДОВИ ЗА УЧЕСТВО НА СООДВЕТНИОТ НАСТАН.
Воедно, Ве известуваме дека QR – кодот од мобилната апликација на Стоматолошката комора на Македонија е наменет ИСКЛУЧИВО ЗА ЛИЧНА УПОТРЕБА и НЕ МОЖЕ да се користи на регистрација на друг доктор на стоматологија. Ве потсетуваме дека лажното претставување, како и користењето на туѓи лични податоци, е казниво согласно Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Стручната служба на Комората која го врши исчитувањето на единствениот QR – код од мобилната апликација, е задолжена да го ПРИЈАВИ СЕКОЕ РЕГИСТРИРАЊЕ СО ТУЃИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ до Комисијата за стоматолошка етика и деонтологија, која понатаму ќе поведе соодветна постапка.
Неколегијалното и некоректно однесување кон вработените во Стручната служба на Комората кои се присутни на настаните од КСУ, ќе биде внесено во записник кој понатаму ќе биде предаден за органите и телата на Комората за понатамошна постапка пред Комисијата за стоматолошка етика и деонтологија и Судот на честа на Стоматолошката комора на Македонија.
Со почит,
СКМ