По повод Светскиот ден на оралното здравје, Здравнишката зборница на Словенија организира семинар со наслов “Pravočasen pregled ustne votline lahko reši življenje“ –(Навремен преглед на усната празнина може да спаси живот) на 18.03.2017 година во Domus Medica, Љубљана, Словенија на кој ќе учествуваат 15 врвни светски предавачи од регионот. Стоматолошка комора на Македонија е активно вклучена во одбележувањето на овој значаен настан и на наша голема чест и задоволство на овој семинар како предавач ќе учествува и претседателот на Стоматолошка комора на Македонија, проф. д-р Владимир Поповски.
За време на престојот на претседателот на Стоматолошка комора на Македонија, проф. д-р Поповски во Словенија ќе се одржи и работен состанок помеѓу претставници од Стоматолошка комора на Македонија и претставници од Здравнишката зборница на Словенија.
Стоматолошката комора на Македонија покрај учеството на семинарот во Словенија, по повод Светскиот ден на оралното здравје ќе организира и пригодни настани во Македонија.