На 18 јули се спроведоа избори во два регионални одбори за дополнување на членови во регионалните одбори и Собранието на СКМ кои согласно Статут на СКМ ( член 58, став 1) е определено да имаат по пет члена .
Во Регионален одбор Гази Баба за подрачјето на општините Гази Баба,Илинден, Петровец и Арачиново се гласаше за дополнување на два члена во тој Регионален одбор. Во Регионален одбор Гостивар за подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша, Дебар и Центар Жупа се гласаше за дополнување на два члена во тој Регионален одбор и делегати во Собрание на СКМ. Централната изборна комисија на Стоматолошка комора на Македонија на 19 јули 2019 година ги сумираше резултатите и го даде следниот извештај:
– Регионален одбор Гази Баба за подрачјето на општините Гази Баба,Илинден,Петровец и Арачиново за членови во Регионален одбор Гази Баба ги избраа д-р Никола Подолешов како четврти , и д-р Ана Дуковска Цветковска како петти член на РО.
– Регионален одбор Гостивар за подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша, Дебар и Центар Жупа за членови на Регионален одбор Гостивар ги избраа д-р Назми Ферати како четврти и д-р Имран Жупани како петти член на РО. Согласно Правилникот за избори и отповикување на членови во регионалните одбори , делегати на Собранието и претседател на Стоматолошка комора на Македонија по бројот на добиени гласови од РО Гостивар како делегати во Собранието влегуваат д-р Соња Јакимовска и д-р Назми Ферати.