Почитувани колешки и колеги,
Уште еднаш ве потсетуваме на некои општи упатства, но и поконкретни објаснувања на некои Ваши прашања во врска со работата на нас, стоматолозите во новонастанатите услови.
Следете ги одлуките и препораките на Владата и Министерство за здравство особено со оглед на изјавата на министерот Венко Филипче дадена завчера дека епидемијата со корона вирусот деновиве е во силен ек и дека пикот на истата треба да ја очекуваме во наредниот период од еден месец, како и со се поголеми најави дека сме пред прогласување на вонредна состојба од страна на претседателот г-дин Стево Пендаровски во кој случај се уште е непознато во која насока ќе се движат препораките за нашата дејност.
Ние како Комора сме свесни дека како здравствени работници сме едни од најпогодените и едни од најистурените дејности и дека треба треба да вложуваме секојдневни максимални напори за да се заштитиме себеси, но и да ја зголемиме и личната и колективна одговорност како едни од носителите на јавното здравје во државата.Кога сме се одлучиле на оваа работа знаевме и за определени ризици кои доаѓаат со неа и дека ќе треба некогаш да понесеме дел о товарот доколку дојде до ситуација како сегашната, но исто така сигурно не се спремавме да простестираме за 60 000,00 денари ни во нормални услови, а не во услови во кои се наоѓа целата држава притоа мислејќи си само за себеси.
Стоматолошката комора секако СИЛНО ќе се залага за некаква помош или олеснување на нашите членови од страна на државата во моментите кога за тоа ќе биде време. Во очекување на мерките кои се најавени од Владата и по анализа на истите Комората ќе излезе со став дали тие мерки ги задоволуваат минималните потреби на стоматолошките правни субјекти како краткорочно , така и долгорочно во случај кризата да потрае повеќе месеци за да може реално да им помогнеме на нашите пациенти, да се заштитиме себеси и нашите семејства, да го одржиме нашиот бизнис како единствено средство за егзистенција, но и да ја одиграме нашата општествено одговорна улога.
Секој од нас треба да се охрабри зошто секој од нас се плаши за себе, за своето семејство, своите блиски. Секој од нас треба да се охрабри зошто е нормално да се плашиме од епидемијата и стравот е нормална реакција, но треба да го пуштиме стравот да ни помогне да ја прифатиме состојбата и да не стимулира да внимаваме повеќе и да не се заборави дека сега е посебно време да не се делиме и да ја подигнеме нашата свест на највисоко ниво за да помогнеме кога е најтешко и да се подсетиме на Хипократ.
Сега би сакале со посебно внимение да се обратиме и до колегите кои работат во мрежа со склучени договори со Фондот за здрваствено осигурување.
Колешки и колеги, потенцираме уште еднаш
НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ПАНИКА , ВРЕМЕ Е ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИ И ПРОТОКОЛИ
„во секој момент однесувај се како сите пациенти да се инфективни и многу побитно како да си ти инфективен, а се уште не знаеш“-твитер пост
ОД ЗАВЧЕРА, ПОНЕДЕЛНИК , 16.03.2020 СТАПИЈА НА СИЛА ИЗМЕНЕТИТЕ ДОГОВОРИ СО ФОНДОТ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВАА СИТЕ КОИ СЕ ВО МРЕЖА НА СТОМАТОЛОШКИ ЗДРВАСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО МРЕЖА И СОГЛАСНО ОБЈАВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СВЕСНИ СМЕ ДЕКА НЕМАМЕ СИТЕ ПОДЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА НИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ.
КАКО СТОМАТОЛОШКА КОМОРА МОРА ДА ПОДРЖУВАМЕ ЛИЧНА
ОДЛУКА НА СЕКОЈ НАШ ЧЛЕН ДАЛИ ЌЕ РАБОТИ ИЛИ НЕ,
НО САКАМЕ ДА ДАДЕМЕ НЕКОИ ПОКОНКРЕТНИ НАСОКИ И ОБЈАСНУВАЊА
ЗА СИТЕ ШТО СЕ ВО МРЕЖАТА И НАДВОР ОД НЕА.
ПО ПОМИНАТИ ДВА –ТРИ ДЕНА ОД ВАЖЕЊЕ НА ИЗМЕНИТЕ НА ДОГОВОРИТЕ КОИ ГИ ИМААТ СИТЕ ПЗУ КОИ СЕ ВО МРЕЖА САКАМЕ ДА ПОЈАСНИМЕ ДЕКА СИТЕ ШТО ИМААТ ДОГОВОРИ СО ФОНДОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА :
1. ДА СЕ НА РАБОТА ОДНОСНО ОРДИНАЦИЈАТА ДА Е ОТВОРЕНА ВО РАБОТНО ВРЕМЕ И ДА ГИ ПОТСЕТИМЕ ДЕКА ДОГОВОРИТЕ ШТО ГИ ИМААТ ПОТПИШАНО, И СО ИСТИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАЌА КАПИТАЦИЈА ГИ ОБВРЗУВА ЗА ТОА !
2.ДА ПРИМААТ САМО ИТНИ СЛУЧАИ!
ТРИЈАЖАТА И ИТНОСТА ПРАВЕТЕ ЈА И УТВРДУВАЈТЕ ЈА ПО ТЕЛЕФОН!
СЕ ШТО ВИ Е СОМНИТЕЛНО ОДЛОЖУВАЈТЕ!
Мерките се превентивна и во неколку насоки, имено поради тоа да :
–граѓаните да останат во своите домови ( и никако бидејќи се слободни од работа да го искористат времето да си ги направат забите и протетските помагала)
-се намали трансмисијата на вирусот на стоматологот како една од најранливи категории на дејности
–да се намали трансмисијата на вирусот преку стоматолошките интервенции во ординации кои можеби немаат услови за оптимална заштита и превенција на трансмисија на вирусот
-да се намалат и трошоците на работењето во вонредни услови кога е евидентно нарушување на финасиската стабилност и на така тешката финасиска состојба на приватните стоматолошки установи
3.ДОКТОРИТЕ ТРЕБА САМИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА ТЕЛЕФОНСКО ЈАВУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТ НАПРАВАТ УВИД ВО ИТНОСТА И ДА ОДЛУЧАТ ДАЛИ И КОГА ЌЕ ГО ЗАКАЖАТ ПАЦИЕНТОТ
4.ДА НЕ ГО ПРИМААТ ПАЦИЕНТОТ И ДА НЕ РАБОТАТ ДОКОЛКУ ОДЛУЧАТ ДЕКА НЕМА УСЛОВИ ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА ДОДЕКА СЕ НА СИЛА ВОНРЕДНИТЕ МЕРКИ
Ве подсеќаме дека приемот се врши по детална анамнеза, и тоа не само медицинска анамнеза туку повеќе во насока дали пациентот бил во земји со висок или среден ризик, кога се вратил (Ве молиме поради фактичка состојба дека има многу несовесни граѓани, сите што не се Ваши матични пациенти, а од нив на кои не можете да им верувате за да се осигурате во вистината или не сте сигурни дали Ви даваат вистински одговори може да им побарате и увид во патна исправа ( пасош), дали имал близок контакт со некој кој допатувал во последните 15 дена итн. по што дури и да има потреба од интервенција ако спаѓа во ризичен пациент по тој основ должни сте да го упатите и пријавите во Центар за јавно здравје.
4.ДА НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕКА НЕКОЈ ДРУГ ( ОСВЕН ОФИЦИЈАЛНАТА ЗАМЕНА ) ЌЕ ИМ ЈА ПРЕВЗЕМЕ ОБВРСКАТА ЗА НИВНИТЕ МАТИЧНИ ПАЦИЕНТИ
5.ДОКОЛКУ СЕ РАБОТИ ЗА ИТЕН СЛИЧАЈ ДА НЕ ГИ ПРЕПРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ КАЈ ДРУГИ КОЛЕГИ БЕЗ ПРЕДХОДЕН ДОГОВОР ИЛИ ВО ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ОРДИНАЦИИ( ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ) ВО ТЕК НА РАБОТНО ВРЕМЕ КОГА ПЗУ ТРЕБА ДА ОТВОРЕНА
- ПРИВАТНИТЕ ОРДИНАЦИИ НАДВОР ОД МРЕЖАТА МОЖАТ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ДАЛИ ЌЕ РАБОТАТ ИЛИ НЕ, НО ДА ВЕ ПОТСЕТИМЕ ДЕКА ЗЕМАЊЕТО ГОДИШЕН ОДМОР Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ.
- НОСЕЊЕТО СКАФАНДЕРИ И РЕСПИРАТОР МАСКИ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО САМО ЗА ДОКТОРИ КОИ СЕ ВО КОНТАКТ СО ЗАБОЛЕН ОД ВИРУСОТ И ВО ТИЕ СЛУЧАИ ВАЖАТ ПОСЕБНИ ПРОТОКОЛИ КОИ НЕ ТРЕБА ДА ГИ ИМА СЕКОЈА ОРДИНАЦИЈА
ЗА СЕКОЈДНЕВНА РАБОТА СО ПАЦИЕНТИ БЕЗ СИМПТОМИ КАКВИ ШТО ВПРОЧЕМ ТРЕБА ПО АНАМНЕЗА ДА ПРИМАМЕ ПРОПИСНА УНИФОРМА, МАСКА, РАКАВИЦИ И ЗАШТИТНИ НАОЧАРИ И ВИЗИР СЕ СОСЕМА ДОВОЛНИ.
- ДОКОЛКУ ИМАТЕ ДВА ИЛИ ПОВЕЌЕ ТИМА, ПОДЕЛЕТЕ ГО РАБОТНОТО ВРЕМЕ ТАКА ДА НЕ СЕ ПРЕКЛОПУВААТ.
10.ОРДИНАЦИИТЕ СО ПОВЕЌЕ ВРАБОТЕНИ ДА НАПРАВАТ ВНАТРЕШЕН РАСПОРЕД ЗА МИНИМУМ ПОТРЕБНИ ВРАБОТЕНИ ВО СМЕНА.
- ГИ МОЛИМЕ КОЛЕГИТЕ ВО ВАКВА СИТУАЦИЈА ДА НЕ СЕ ЗАНИМАВААТ СО СИТНО ПРОФИТЕРСТВО, ПРЕЗЕМАЊЕ ПАЦИЕНТИ, ДЕМОНСТРИРАЊЕ ПОГОЛЕМА СПРЕМНОСТ ОД ДРУГИ ИЛИ КОИ И ДА СЕ МАРКЕТИШКИ ПОСТАПКИ ВО ТАА НАСОКА ТУКУ ДА СЕ ФОКУСИРААТ НА ЛИЧНАТА ЗАШТИТА И ПОМОШ САМО НА ТИЕ ПАЦИЕНТИ ШТО ИМ Е НАВИСТИНА НЕОПХОДНА**** САМО ХИТНИ ПАЦИЕНТИ**** ЗАТОА ШТО ВРАТЕНИ ПАЦИЕНТИ ЗА ОБИЧНО ПОЛИРАЊЕ ЗАБИ ОД ЕДНА ОРДИНАЦИЈА КОЈА ГО ПОЧИТУВА ПРОТОКОЛОТ *САМО ХИТНИ СЛИЧАИ* СЕ ПРИМААТ ОД ДРУГИ ОРДИНАЦИИ.
ДА ПОКАЖЕМЕ КОЛЕГИЈАЛНОСТ БАРЕМ ВО ВАКВИ СИТУАЦИИ И ДА УСПЕЕЕМА ДА СИ ПОМАГАМЕ ЕДНИ НА ДРУГИ ЗОШТО ЕПИДЕМИЈАТА ЌЕ ПОМИНЕ , А НИЕ И ТОГАШ ТРЕБА ДА СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ОЧИ И ДА СЕ ПОЧИТУВАМЕ КАКО КОЛЕГИ, КАКО ЛУЃЕ!
- СПРОВЕДУВАЈТЕ ЕКСТРЕМНИ ХИГИНСКО-САНИТЕТСКИ МЕРКИ ЗА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ТИМОТ И ЗА СИТЕ ПАЦИЕНТИ КОИ ЌЕ ГИ ПРИМААТ ПРЕД И ПО ИНТЕРВЕНЦИЈАТА
12.НАМАЛЕТЕ ГИ СИТЕ РАСХОДИ НА МИНИМУМ ЗА ШТО ПОЛЕСНО ДА СЕ ПРЕБРОДИ КРИЗАТА.
13.ПОСЛЕДНО , НО НЕ И НАЈНЕБИТНО ТУКУ НАЈБИТНО
ВНИМАВАЈТЕ НА ЗДРАВЈЕТО !
ИЗГУБЕНИТЕ СРЕДСТВА СИГУРНО ЌЕ ГИ НАДОКНАДИМЕ!
Во текот на вчерашниот ден имаше повеќе прашања од Вас и се надеваме дека со овој допис одговоривме на некои.
Ви стоиме на рсполагање на маиловите кои се во Одлуката за формирање на кризна група на Стоматолошка комора на Македонија,
Со почит,
Кризна група на Стоматолошка комора на Македонија