Дел од соопштението на Фондот за здрваствено осигурување кое се однесува  за здравствени услуги од специјалистичко–консултативна здравствена заштита и општа стоматологија од 31.03.2020

1. Стоматолошки услуги на осигурените лица ќе се пружаат во итна стоматолошка служба организирана во здравствените домови во РСМ. Во градовите каде нема услови за организирање итна стоматолошка служба во здравствениот дом, Стоматолошката комора  ги организира дежурствата од редот на приватните здравствени установи по општа стоматологија.

Поради тоа приватните здравствени установи од дејноста општа стоматологија, се ставаат во мирување и  треба да даваат совети на матичните пациенти од дома по телефон во работно време кое е наведено за нивната установа.

2.  Здравствените установи од специјалистичко консултативна здравствена заштита треба да работат во предвиденото работно време и да пружаат здравствени услуги само во итни случаи, со исклучок на ортодонција и протетика.

Во периодот на важење на мерките, доколку здравствените установи од специјалистичко консултативна здравствена заштита не можат да ги  пружат здравствени услуги на осигурените лица во рамките на утврдениот месечен надоместок, неискористените средства ќе може да ги искористат  по завршување на мерката, односно до крајот на годината.

СООПШТЕНИЈА
2. СООПШТЕНИЕ за активностите кои ги презема Фондот за време на изречената мерка за спречување на
ширење и сузбивање на заразата од Covid – 19 (Коронавирус)во делот на работењето на
здравствените установи
ЗАДОЛЖЕНИЈА ДО СКМ