Почитувани,
Ве известуваме дека времената мерка за доставување на сертификати од континуирано стручно усовршување, по електронска пошта, која беше воведена поради пандемијата со вирусот Sars-Cov 2, ПРЕСТАНУВА ДА ВАЖИ.
Сертификатите за учество на облиците на континуирано стручно усовршување треба да се доставуваат во просториите на Стоматолошката комора на Македонија, исклучиво во ОРИГИНАЛ.
Претходно наведеното се однесува на сертификатите од настаните од континуирано стручно усовршување, кои се одржани пред 13.06.2020 година. Листите на присутни учесници на настаните одржани по 13.06.2020, се доставени до Стоматолошката комора на Македонија директно од организаторите на КСУ, така што овие сертификати не е потребно да се доставуваат.
Документите за издавање, обновување и продолжување на лиценцата за работа (со исклучок на сертификатите од КСУ), како и барањата за издавање на потврди и евиденција на годишна членарина може и понатаму да се испраќаат по електронска пошта на вработените во стручната служба на СКМ.
Ве потсетуваме дека бројот бодови од КСУ како и уплатите за годишната членарина може да се проверат преку мобилната апликација на Стоматолошката комора на Македонија – SKM MKD.