ПОЈАСНУВАЊЕ

ВО ВРСКА СО ПРИМЕНА НА

ЛИСТАТА НА СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ СО МИНИМАЛНИ (РЕФЕРЕНТНИ) ЦЕНИ

(Т.Н. МИНИМАЛЕН ЦЕНОВНИК НА КОМОРАТА)

1. Појаснувањата и објаснување за сите прашања, меѓу кои и прашањата за примената на ЛИСТАТА НА СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ СО МИНИМАЛНИ (РЕФЕРЕНТНИ) ЦЕНИ, односно т.н. минимален ценовник на Комората, беа дадени и на ZOOM состанокот на раководството на Стоматолошката комора на Македонија со членовите на Комората.

Снимката од состанокот е објавена на веб-страна на Комората и на YOU TUBE каналот на Комората.

2. Минималниот ценовник се однесува ИСКЛУЧИВО за ПРИВАТНИ стоматолошки здравствени услуги во ПРИВАТНИ стоматолошки здравствени установи;

·         наведените цени се минимални, што значи дека за наведените услуги НЕ МОЖЕ да се наплаќа ПОД наведените цени, додека НЕМА ограничување за наплаќање НАД наведените цени;

·         за стоматолошките услуги кои не се оопфатени со минималниот ценовник секој/а ПСЗУ самостојно си ги формира цените;

·         т.н. “фондовски„ цени за приватни стоматолошки здравствени установи во мрежа (општа и специјалистичка стоматологија) ги определува Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, со претходна согласност на министер за здравство;

·         цените во Јавните здравствени установи (т.н.приватни и т.н. фондовски) ги определува министерот за здравство.

3. Приватните стоматолошки установи (независно дали се регистрирани за општа или специјалистичка стоматологија) кои НЕМААТ склучено договори со Фонд за здравство и работат ВОН МРЕЖАЗАДОЛЖИТЕЛНО се обврзани со почитување на Листата на услугите и минималните цени.

4. Приватните стоматолошки установи кои ИМААТ склучено договори со Фондот за здравство и работат ВО МРЕЖА:

·         се обврзани со договорите со Фондот да ги почитуваат услугите кои се наведени во Одлуката за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите, НО ИСТО ТАКА СЕ ОБВРЗАНИ ДА ГО ПОЧИТУВААТ Минималниот ценовник за сите услуги:

·         кои НЕ се наведени во претходно наведената Одлука и кои се составен дел од нивниот договор со ФЗОРСМ, односно се т.н. „натстандардни услуги„ (пр. кога општ стоматолог работи протетски изработки или кога специјалист по стоматолошка протетика работи пломбирање или протетска изработка која не е составен дел од договорните услуги -Wisil протеза или сл).

При сите горенаведени ситуации, пациентот се квалификува и има статус на т.н. ПРИВАТЕН пациент, при што:

·         услугата НЕ СЕ НАПЛАЌА согласно Одлуката и ценовникот на Фондот,

·         НЕ СЕ ВНЕСУВА во т.н.фондовски програм (независно за кој фондовски програм се работи), туку се заведува во т.н.ПРИВАТЕН ДНЕВНИК со внесување на име и презиме, како и наведување на стоматолошката услуга која е наплатена

·         НЕ МУ СЕ ИЗДАВА т.н. КВИТАНЦИЈА заедно со фискалната сметка, туку се издава САМО фискална сметка.

5. Почитувани колеги, секоја промена на нешто кое со години наназад се применувало како нормална пракса носи ризик од различни толкувања и помеѓу нас докторите и од надлежните институции, што во минатото беше случај и со толкувањето за правата на крводарителите во нашите ординации.

Долги години и од страна на лица од Министерство за здравство и од ФЗОРСМ се тврдеше дека крводарителите се ослободени од плаќање на стоматолошките услуги во општите стомаоматолошки приватни ординации кои се во мрежа, што на крај се разјасни дека такво право не постои.

Комората и покрај анализите и консултациите направени пред утврдување на Листата, сепак очекува дека ќе се појават проблеми и различни толкувања и со самата примена на т.н. минимален ценовник.

Во моментот најочекувани различни реакции се очекуваат пред се околу пломбирањето во бочна регија, за што бевме и мошне конкретни и во објасувањето кое е наведно и во самата Листа со минимални цени, зошто сметаме дека нашето постапување е сосема во согласност со Правилникот на Фондот објавен во ‘’Службен весник на Република Македонија’’ од 09.02.2015 година.

Почитувани,

Ве молиме, доколку се појават проблеми со било каква инспекција или контрола од надлежните институции, а се однесува на примена и почитување на Минималниот ценовник, информирајте не, и тоа со СМС-порака со содржина: име и презиме на докторот, име на ординацијата и град во кој е регистрирана, испратена директно кај претседателот Денковски (+38970211864), со цел да Ве контактираме и заеднички да го разгледаме проблемот, во насока на изнаоѓање решение и како Комора да превземеме соодветни чекори за Ваша правна заштита пред надлежните институциите, пред се во Ваш интерес.

6. ЛИСТАТА со минимални цени ќе се разгледува и ажурира од страна на ИО на Комората на секои шест (6) месеци и за секои измени сите членови на Комората ќе бидат навремено известени преку веб-страната, преку мобилната апликација и преку е-маил (секој член на Комората треба да го ажурира).

7. Од септември 2024 година претставниците на раководството на Комората задолжително ќе бидат присутни на сите акредитирани едукативни настани кои се актредитирани од Комората, при што ќе имаат информативно обраќање и време за одговор на сите прашања на членовите.

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија

П.С. За сите дополнителни прашања, како и пријава на недоразбирања или можни проблеми контактирајте не на е-меил адресите на веб страната на Комората.