106-иот стоматолошки конгрес на FDI заврши во Буенос Аирес на 8 септември 2018 година. Конгресот беше организиран во соработка со Аргентинската стоматолошка асоцијација и се одржа во конгресен центар Ла Рурал во Буенос Аирес, Аргентина и беа присутни речиси осум илјади учесници од целиот свет.
“Со нашата научна програма и преполна индустриска изложба, Светскиот конгрес на стоматологија на FDI, нуди исклучителни моменти на градење пријателства меѓу колеги истомисленици од целиот свет и го прославува учеството во богатата глобална мрежа на стоматологија и орално здравје на FDI“, изјави д-р Кетрин Кел, претседател на FDI.
Одлуки на Генералното собрание на FDI
Генералното собрание е врховно законодавно и административно тело на FDI.
Како значајни резултати од сработеното во Буенос Аирес е и вклучување на нови членови на FDI, избори во управувачката структура на FDI( Советот на FDI и Комисиите на FDI) и прифаќање на изјавата на FDI за насоки на дејствување.
Нови регуларни членови на FDI:
Colegio Odontologico Nicaraguense
Colegio Odontologico del Peru
Montenegro Dental Chamber
Papua New Guinea Dental Association
Russian Dental Association
Нови асоцијативни членови се :
Egyptian Clinical Dental Society и Macedonian Society of Dental Medicine
и како афилијативен член :
International Dental Association Commonwealth, Association of Legal Entities
Генералното собрание на FDI повторно го избра д-р Џек Котрел за благајник и проф. Ли Џиан Џин како советник, додека Д-р Пауло Мело бешеизбран како нов член на Советот, кој е составен од претседател на FDI ( во моментот д-р Кетрин Кел), избран претседател, благајник и десет советници.
Исто така беа одржани избори за комисии за FDI, за некои позиции беше гласано на Генералното собрание на FDI , додека други беа назначени од Советот на FDI. Резултатите од изборите ќе бидат објавени во вестите на FDI во октомври 2018 година, кога сите кандидати ќе бидат официјално информирани за изборните резултати.
Генералното Собрание на FDI усвои десет извештаи за насоките на своето делување меѓу кои и за континуирана дентална медицинска едукација во стоматологија ,за глобалнотото парадонтално здравје, за обезбедување на основната грижа за оралното здрваје на раселените лица и други, со детали кои се постигнуваа преку консултации, дискусија и консензус меѓу водечките светски експерти од целиот свет.
107-тиот Конгрес за FDI, ќе се одржи во Сан Франциско, САД,
05 септември до 08 септември 2019 година
Извор на веста: официјална страна на FDI.