ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВИ ИТНИ СТОМАТОЛОШКИ ОРДИНАЦИИ
со ТИМОВИ/ПЗУ на територија на Град Скопје
со задолжение на Министерство за здравство
Почитувани колешки и колеги,
По завршени анализи кои се направија по примените податоци од сите ЈЗУ и ПЗУ кои работеа како Итни стоматолошки ординации, за динамиката и оптеретеноста на Итните стоматолошки служби од 30.03.2020 до 07.04.2020 на територија на РСМ во Министерство за здравство, претставниците на министерството и комората ги разгледаа понатамошни чекори во интерес на целокупното население, но и во интерес на колегите кои работат додека другите ПЗУ во мрежа се во мирување.
На 08.04.2020 се одржа и координативен состанок помеѓу Министерство за здравство, Стоматолошка комора на Македонија, ЈЗУ Здравствен дом Скопје и ЈЗУ Стоматолошки клинички центар „Св.Пантелејмон„ од кој како заклучок произлезе дека е неопходно проширување на бројот на ординации кои ќе примаат пациенти во Скопје зошто бројот на пациенти кои бараат итна стоматолошка помош и почитувањето на протоколите и препораките за работа во услови на КОВИД 19 ги надминуват можностите на постоечките пунктови во Скопје.
По анализа на сите можности на состанокот се донесе заклучок дека на територијата на Град Скопје е неопходно:
1. Зголемување на бројот на тимови/ординации, кои ќе се од доктори на стоматологија од ПЗУ во мрежа поради тоа што ЈЗУ Здравствен дом Скопје нема можности да вклучи дополнителни ординации од детските и превентивни во други поликлиники поради просторните ограничувања и пристапи до нив
2. Поради определбата да не се дисперзираат ПЗУ на повеќе локации надвор од постоечките Итни стоматолошки служби што би довело до дополнително движење на пациентите што е спротивно од препораките на Влада и Министерство за здравство, се донесе заклучок како итни амбуланти да се вклучат тимови/ПЗУ кои се лоцирани во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и Ѓорче Петров, а се задолжи Стоматолошка комора на Македонија да ја ревидира и дополни листата на доктори на стоматологија /ПЗУ во мрежа од ПЗУ кои се лоцирани на посочените локации.
3. Поради податокот дека за изминатиот период итна помош побарале голем број пациенти од Општина Чаир и околните општини се разгледуваше можноста Здравствен дом Скопје да ја пренамени Детската и превентивна ординација во Поликлиника Чаир во Итен стоматолошки пункт, но близината на истата со Одделот за вакцинација доведе до заклучок да се задолжи ПЗУ„Чаир дентал„ кој е лоциран во Поликлиника Чаир да се вклучи како Итна стоматолошка служба во наредните 28 дена.
4. Поради податокот дека за изминатиот период итна помош побарале голем број пациенти од Општина Гази Баба и околните општини се донесе заклучок да се задолжи ПЗУ „Др Горан„ да се вклучи како Итна стоматолошка служба во наредните 28 дена.
5. Поради податокот дека за изминатиот период итна помош побарале голем број пациенти од општини Карпош и Ѓорче Петров и другите околни региони на Град Скопје доведе до заклучок да се задолжи ПЗУ „ Др Жикица Ѓорѓиевски „да се вклучи како Итна стоматолошка служба во наредните 28 дена.
6. Сите наведени доктори на стоматологија ќе работат во сопствени ординации секој ден( вклучително сабота и недела) од 09.00-15.00 почнувајќи од понеделник 13.04.2020 по утврдениот распоред од Министерство за здравство почитувајќи ги сите протоколи и препораки за работа на Министерство за здравство и Комората во услови на КОВИД 19 и почитувајќи ја Листата на итни услуги.
7. поради податокот дека ЈЗУ Стоматолошки клинички центар„Св.Пантелејмон„ во изминатиот период работеше во една интервентна амбуланта се задолжува да организира работа на уште една амбуланта во своите простории истата да се стави во функција од 13.04.2020 во две смени.
8. Сите тимови / ПЗУ кои се наведени во распоредот за итни дежурни амбуланти имаат право и се должни да аплицираат на веб страна на Министерство за информатичко општество и администрација( МИОА)
или на
Uslugi.gov.mk – Детали на услуга
со барање за потврда за дозволено движење во време на забрането движење поради обавување на здравствена дејност. Барањето е потребно да е поднесено од стрна на Приватната здравствена установа за тимот доктор /сестра.
Овие заклучоци се донесени на 08.04.2020 и истите ќе се предмет на повторно следење и повторно ревидирање доколку има потреба по увид во состојбата за следниве 7-10 дена.
Со почит ,
Кризна група на Стоматолошка комора на Македонија