Сакаме да Ве информираме дека по разговорите со в.д.директорот ФЗОРСМ, Стево Крстевски, од 3.12.2020 околу правното решение за т.н. аконтации за специјалистичко консултативни стоматолошки ординации за месеците април, мај и јуни во 2020 година и кои требаше ПЗСУ да ги вратат доколку не ги надоместат до 31.12.2020 година договореното е остварено.
Со Одлука на Управниот одбор на ФЗОРСМ ,од 17.12.2020 година, ПЗСУ од специјалистичко консултативна стоматолошка дејност аконтативниот исплатен износ за месец април, мај и јуни 2020 е обврзана да ги реализира со здравствени стоматолошки услуги заклучно со јуни 2021 година, односно до јуни 2021 треба да изврши поравнување на средствата.
Доколку до јуни 2021 година, ПЗСУ нема извршено здравстевени услуги со кои во целост ќе го покрие доделениот аконтативен износ за месеците април, мај и јуни 2020 година, истиот ќе биде намален од фактурите на здравствените установи доставени до Фондот за првото шестомесечје од 2021 година.