Согласно член 60 од Законот за основното образование („Службен весник на РСМ“ бр.161/19 и 229/20), при запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави Потврда за стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа.
За подетално објаснување на наведената одредба од Законот за основно образование Стоматолошка комора ан Македонија се обрати до Министерство за образование и наука и согласно нивниот одговор Ве информираме дека :
1.За извршен стоматолошки преглед, потврда издаваат превентивните стоматолошки служби при јавните здравствени установи и истите се ставени во превентивните програми од Министерството за здравство, при што нема да се наплаќа за извршениот преглед.
2.Доколку родителот одлучи да го однесе детето на преглед во приватна здравствена установа која врши стоматолошки прегледи и за тоа му се издаде потврда, надоместокот за таквите прегледи е на товар на родителот – појаснуваат во писмено известување кое го добивме утрово од Министерството за образование и наука.
3.Под „потврда издадена од надлежна здравствена установа“, се мисли на здравствена установа која има одобрение/дозвола за вршење на таква дејност, во случајов за вршење стоматолошки прегледи.
Со почит,
Стручна служба на
Стоматолошка комора на Македонија