ПОТВРДА / СЕРТИФИКАТ КАЈ МАТИЧНИОТ СТОМАТОЛОГ / МАТИЧНИОТ ЛЕКАР
*постапката како се стига до потврдата/сертификатот е наведена подолу на текстот
Почитувани колеги,
Министерството за здравство издава потврда со QR code, на македонски и англиски јазик.
Сертификат го добиваат сите граѓани што примиле вакцина со ревакцина и имаат потреба од сертификат.
Насоките за изработка на овој сертификат се на Европската комисија, каде што предвидоа сет на податоци што ги содржи кодот, односно тој сертификат, а тоа се – име и презиме, датум на вакцина и ревакцина, како и тип на вакцина.
Сертификатот, исто така, ќе има и дигитален печат од Министерството за здравство.
Сертификатот по барање на граѓанинот, може да се добие и како потврда и во електронска форма.
*Секој матичен стоматолог/лекар со следните чекори може да пристапи до потврдата/сертификатот:
-влез во „мој термин„
-влез во „мои пациенти„
-со пребарување преку: име и презиме или ЕМГ или ЕЗБО
-по добивање на податоци за бараното лице се оди во „вакцини„
– се стига до „превземи сертификат„
-итн…..
Со почит
Кризна група на СКМ
Во прилог, показен примерок каков е изгедот на документо кој ќе биде издаден