По ветувањето за отворање на мрежата на здравствени установи од почетокот на 2019 година и објавата на 84 Јавни повици за доделување на лиценци за вршење на специјалистичка стоматолошка здравствена дејност од почетокот на 2020 година, конечно се доделени дел од нив.

Имено, по скоро две години од објавата на Јавните повици во Службен весник на РСМ, деновиве Министерството за здравство донесе одлуки за дел од нив, а избрани се вкупно 35 најповолни понудувачи. Врз основа на член 231 став (4) од Законот за здравствената заштита, министерот за здравство донесе Одлуки за дел од претходно објавените 84 Јавни повици за доделување на лиценци за вршење на здравствена дејност: ортодонција, стоматолошка протетика и орална хирургија на ниво на секундарна здравствена заштита во мрежата на здравствени установи за населението во Република Северна Македонија, со кои се доделува лиценца за вршење на здравствена дејност и тоа:

 

Докторите се должни да основаат приватна здравствена установа за вршење на здравствена дејност по наведените дејности на ниво на секундарна здравствена заштита во мрежата на здравствени установи во рок од три месеци од денот на објавувањето на оваа одлука во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Постапката за основање на установата започнува со поднесување барање од понудувачот до Министерството за здравство и се води под услови утврдени во Законот за здравствената заштита. Понудувачот е должен да поднесе барање до Министерството за здравство за издавање дозвола за работа во рок од седум дена од денот на основање на установата. Со приватната здравствена установа, Министерството за здравство ќе склучи договор за лиценца за вршење на здравствена дејност за која е добиена лиценца на ниво на секундарна здравствена заштита во мрежата на здравствени установи за населението во Република Северна Македонија. Лиценцата се доделува за период од триесет и пет години, при што рокот отпочнува да тече од датумот наведен во договорот за лиценца.