Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 16.02.2023, до Стоматолошката комора на Македонија, е стигнат допис од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, во однос на прекинот во работата на информатичкиот систем на ФЗОРСМ и насоки како да се постапува во периодот до конечно решавање на проблемот. Со оглед на тоа што здравствените установи непречено треба да пружаат здравствени услуги на осигурените лица, во прилог Ви ги доставуваме следните известувања и насоки:
- ИЗВЕСТУВАЊЕ за начинот на работење на приватните здравствени установи од примарна здравствена заштита, во услови кога информатичкиот систем на Фондот не е во функција – ПРЕВЗЕМИ
- ИЗВЕСТУВАЊЕ за начинот на работење на приватните здравствени установи од специјалистичка здравствена заштита, во услови кога информатичкиот систем на Фондот не е во функција – ПРЕВЗЕМИ
- ИЗВЕСТУВАЊЕ за начинот на работење на јавните здравствени установи од примарна здравствена заштита, во услови кога информатичкиот систем на Фондот не е во функција – ПРЕВЗЕМИ
- ИЛ образец – ПРЕВЗЕМИ
- ИЗВЕСТУВАЊЕ за начинот на издавање на лекови на рецепт на товар на Фондот, во услови кога информатичкиот систем на Фондот не е во функција — ПРЕВЗЕМИ
- ИЗВЕСТУВАЊЕ за ортопедски помагала – ПРЕВЗЕМИ
Известувањата се од времен карактер и важат до повторно воспоставување во функција на информатичкиот систем на ФЗОРСМ.