
По повод изборот на Д-р Маријан Денковски, член на Стоматолошката комора на Македонија (Macedonian Dental Chamber), на Генералното собрание на ФДИ во Шангај, Кина, за член на Комитетот за стоматолошка практика (FDI Dental Practice Committee), не стивнуваат зборовите на поддршка и честитките, како од релевантни организации на стоматолошката фела од земјите на регионот, така и од поблиското но и подалечно окружување.
Меѓу останатите честитки пристигнаа од Претседателот на Стоматолошката комора на Република Српска, како и од Претседателот на Корејската Стоматолошка Асоцијација.
Зборовите на поддршка и изразените честитки, мотивираат за понатамошна посветена работа во етаблирање на Македонската стоматологија преку Стоматолошката комора на Македонија, во Европските и Светски професионални стоматолошки семејства.

