Почитувани,
Ве известуваме дека од вчера, 06.11.2025 година, како овластено лице на Стоматолошката Комора на Македонија – в.д. Претседател, официјално е запишан проф. д-р Благоја Даштевски.
Во периодот на вршење на функцијата в.д. Претседател на Стоматолошката комора на Македонија, проф. Даштевски нема да ја извршува функцијата Претседател на Собранието на Стоматолошката комора на Македонија, на којашто е избран на изборно-конститутивната седница на Собранието на СКМ, одржана на 21.10.2025 година. На истата седница, за потпретседатели на Собранието на Стоматолошката Комора на Македонија се избрани спец. д-р Арбен Емини и д-р Ана Чкрипеска Тренкоска.






