Кризната група на СКМ секојдневно е во контакт со надлежните институции во врска со имунизацијата на Стоматолошките тимови.
Сите пријавени СТОМАТОЛОШКИ АСИСТЕНТИ преку системот на веб страната на Стоматолошката комора на Македонија, се уредно дополнуваат во список и така ажурирани списоците секојдневно се доставуваат до институциите, и на крајот на работното време се испраќаат на МОЈ ТЕРМИН.
Веројатно поради технички пропуст досега немало реализација.
СКМ се обидува во постојана комуникација со надлежните да инсистира да се надмине состојбата. Воедно, редовната имунизација на Стоматолозите се одвива секојдневно, редовно и без прекин, онака како што доаѓаат и пријавите на Стоматолозите.
Во прилог изјава на министерот и новинарско прашање за имунизација на Стоматолошките сестри:

ЛИНК 1 (извор: nezavisen.mk)

ЛИНК 2 (извор: plusinfo.mk)

Продолжете со пријавување !!!

Бидете внимателни и по примање на втората доза на вакцината, потребни се 2-3 недели до стекнување на имунитетот !!!