IN MEMORIAM ПРОФ. Д-Р МАРИЈА НАКОВА

Со тага Ве известуваме дека Проф. д-р Марија Накова, доајен на Македонската стоматологија, по кратко и тешко боледување почина. Накова (Благој) проф. д-р Марија е родена во 1946 год. во Радовиш, каде во 1965 год. го завршила средното образование, гимназија. На Медицинскиот факултет – Отсек за стоматологија, дипломирала во 1971. Со звањето специјалист по болести…

Прочитај повеќе

IN MEMORIAM Д-Р ХАЈРАДИН СУЛЕЈМАНИ

По тешко боледување, на ден 29.11.2024 година на 67 годишна возраст почина д-р Хајрадин Сулејмани, делегат во Собранието на Стоматолошката комора на Македонија. Д-р Сулејмани е роден на 16.03.1957 година во с. Папрадиште – Кичевско. Основното образование го завршил во родниот град, а средното образование во Приштина. По завршување на средното училиште, своето образование го…

Прочитај повеќе

IN MEMORIAM Примариус спец. д-р Ѓорѓи Калајџиески

На 11.08.2024 на 84 годишна возраст почина Примариус спец. д-р Ѓорѓи Калајџиески . Роден 21.01.1940год во Струга. Завршил заботехничко училиште во 1958год. Три години после матурирањето работел како забен техничар во Струга, за да после тоа запише стоматолошки факултет во Скопје и успешно и во рекордно време го заврши истиот како трета генерација дипломирани стоматолози…

Прочитај повеќе

IN MEMORIAM д-р Тодор Пашоски

Во 74-та година од животот почина спец. д-р Тодор Пашоски, доктор на стоматологија од Кочани.   Д-р Пашоски дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот факултет завршил специјализација по стоматолошка протетика. Работниот век го завршил во специјалистичката ординација по стоматолошка протетика ПЗУ “Д-р Пашоски“. Со својата стручност и…

Прочитај повеќе

IN MEMORIAM д-р Митко Проданов

На ден 26.06.2024 година, на 71-годишна возраст почина д-р Митко Проданов, стоматолог од Струмица. Д-р Проданов е роден на 07.12.1952 година во Струмица. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 1979 година, а стручниот испит за дипломирани доктори по стоматологија го положил во 1982 година. По положувањето на стручниот испит…

Прочитај повеќе

IN MEMORIAM – Д-Р БОБАН АНТОСКИ

На ден 15.05.2024 година, на 41-годишна возраст почина д-р Бобан Антоски. Д-р Антоски е роден на 10.08.1982 година во Тетово. Средното образование завршил во Тетово, во средното медицинско училиште „Никола Штејн“, а дипломирал во 2010 година  на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Д-р Антоски од 2015 година е вработен во…

Прочитај повеќе

IN MEMORIAM – ПРОФ. Д-Р ДРАГОЉУБ ВЕЛЕСКИ – ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Со големо жалење соопштуваме дека почина проф. д-р Драгољуб Велески – првиот претседател на Стоматолошката комора на Македонија. Проф. д-р Драгољуб Велески е роден на 20 ноември 1946 година, во с. Селце, Крушево, Р. Македонија. Средно образование завршил во Училиштето забни техничари во Скопје, во 1965 година. На Стоматолошкиот факултет во Скопје дипломирал во 1971,…

Прочитај повеќе

IN MEMORIAM – СПЕЦ. Д-Р ЗВЕЗДА КОЧОВ

Д-р Звезда Кочов е родена на 30.03.1982 во Радовиш, дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2008 година, а специјализирала орална хирургија на истиот факултет во 2014 година. Од 2008 до 2013 година, д-р Кочов работи како доктор по општа стоматологија во ПЗУ Дента Лукс – Радовиш и и ПЗУ Орал Арт – Велес, а…

Прочитај повеќе

IN MEMORIAM – ПРОФ. Д-Р АЛБЕРТО БЕНЕДЕТИ

Стоматолошката комора на Македонија изразува искрено и длабоко сочувство до семјството, пријателите и соработниците на Проф. д-р Алберто Бенедети, кој прерано и ненадејно не напушти. Проф. д-р Алберто Бенедети е редовен професор на Катедрата за Максилофацијална Хирургија на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Вработен во ЈЗУ Клиника за хирургија на лице,вилици и врат- максилофацијална хирургија „Академик…

Прочитај повеќе

IN MEMORIAM – Д-Р СНЕЖАНА ВИТАНОВА АЛЕКСОВСКА

Стоматолошката комора на Македонија изразува искрено и длабоко сочувство до семјството, пријателите и соработниците на д-р Снежана Витанова Алексовска, која почина на ден 01.04.2021 како последица на компликации предизвикани од SARS-CoV-2. Д-р Витанова Алексовска е родена на 29.09.1958 година во Скопје каде завршила средно медицинско училиште и Стоматолошки факултет. Од 1988 година работи во Здравствен дом…

Прочитај повеќе